Израелски војници по грешка убија оперативец на Хамас

Од:

Израелски војници по грешка убија оперативец на Хамас, кој се обидуваше да ги спречи Палестинците да се приближат до границата меѓу Израел и Газа, соопшти израелската армија.

Хамас, исламистичката група која управува со Појасот Газа, го потврди убиството. Министерството за здравство во Газа соопшти дека мртвиот палестински човек бил на возраст од 28 години и бил застрелан во близина на Бејт Ханун во северниот дел на територијата.

“Првичната истрага сугерира дека оперативецот од Хамас пристигнал во областа на безбедносната ограда поради двајца Палестинци кои лутале во областа”, се вели во изјавата на израелската армија.

“Во ретроспектива, се чини дека војниците на ИДФ (Израелска војска) кои пристигнале на местото погрешно го идентификувале оперативецот како резултат на недоразбирање. Инцидентот ќе биде разгледан “, се вели во соопштението.

Последната рунда на насилство во појасот Газа и Израел беше во мај, со стотици палестински ракетни напади и израелски воздушни напади во текот на три дена.

Со цел да се избегнат судири од пошироки размери, Хамас повремено распоредува свои луѓе на границата за да ги држи Палестинците подалеку од оградата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски