Израелската армија ја губи сајбер војната

Од:

Од канцеларијата за односи со јавноста израелската армија (IDF) соопштија дека нивната официјална страница е падната поради технички проблеми. Веб-сајтот на IDF е нападнат од групата хакери „Анонимус“.

„Анонимус“, заедно со други незадоволни од политиката на Израел, извршиле вкупно 60 милиони обиди за незаконско влегување во израелски сајтови.

„За да се справи со овие закани Владата работи во вонреден режим,“ истакна Штајниц.

„Анонимус“, кои сами се нарекуваат „хактивисти“, ја предводат интернет кампањата против Израел, објавувајќи соопштенија за медиумите и видео материјали, во кои се осудува „безумниот напад“ врз Газа.

Хакерските напади започнаа веднаш откако Израел презеде воздушна операција врз објекти на територијата на Појасот Газа како одговор на ракетниот напад од позиции на палестинската енклава.

Кон „Анонимните“ се приклучија и други хакери, кои најавија „сезона на слободен лов“ во израелското кибер пространство. Една од хакерските групи, која се нарекува Пакистанска кибернетичка армија, презеде одговорност за напад врз речиси 20 израелски интернет страници, меѓу кои и еден сајт, сопственост на компанијата „Кока-кола“.

„Нема да запреме додека не престанат да убиваат луѓе“, изјавил еден од членовите на Пакистанската кибернетичка армија.

Меѓу целите на хакерските напади се сајтовите на израелската армија, канцеларијата на премиерот, банки, градоначалникот на Тел Авив, авиокомпании, инфраструктурни и корпоративни објекти.

Би можело да ве интересира

За Бајден случувањата во Газа не се геноцид

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

ВИДЕО: Израел напаѓа бегалски кампови во Газа

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците