Израелската армија ги објави првите снимки од инвазијата во Либан, префрлена елитната дивизија од Газа

Од:

Израелската армија (ИДФ) ја објави првата снимка од влегувањето на нејзините војници во Либан, како дел од ограничените и насочени операции долж северната граница на Израел.

На снимката се гледа како единици на 98-та дивизија, елитната падобранска бригада, како и оклопни возила на 7-та оклопна бригада ја преминуваат границата и учествуваат во воени операции.

Според портпаролот на ИДФ за странски медиуми, израелската армија ја ангажирала оваа дивизија за да одговори на „заканите што Хезболах претставува за цивилите во северниот дел на Израел“.

98-та дивизија на ИДФ, која претходно имаше тешки борби во Газа, сега учествува во овие операции во Либан, додека 7-та оклопна бригада, која се смета за една од најелитните единици во израелската армија, обезбеди поддршка со тенкови и артилерија.

Оваа моќна сила брои меѓу 12.000 и 14.000 војници. Сепак, ИДФ се соочува со сериозни предизвици бидејќи Хезболах ја користи предноста од својот домашен терен. Специјалните сили на Хезболах, познати како Силите Ридван, се специјално обучени за борба во јужен Либан, каде што планинскиот и карпест терен е погоден за заседи и снајперски напади.

Израелските сили веќе доживеаја слични ситуации во војната во 2006 година, кога беа фатени од заседа и беа чести мети на заседите на Хезболах.

ИДФ издаде предупредување до жителите на северен Либан да избегнуваат движење на возила кон јужниот дел на реката Литани, бидејќи борбите меѓу израелските војници и Хезболах се интензивираат во јужниот дел на земјата.

Би можело да ве интересира

Папата во критична состојба

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Судот го одобри планот на Трамп: Вработените во УСАИД одат на принуден одмор

Маск со уцена до Киев: Договор за минералите или нема повеќе Старлинк