Израелска армија: Речиси сите ракети во Газа од домашно производство

Од:

Големо мнозинство ракети кои Хамас ги истрела врз Израел во последниот месец се изработени во Газа, изјави висок израелски воен претставник.

– За време на судирите, почнати на 8 јули, припадници на Хамас, кои де факто владеат со Газа, истрелале 3.300 ракети и гранати врз Израел, а над 500 ги пресретнал одбранбениот систем „Железна купола“, наведе армијата.

Неименуван претставник рече дека „големо мнозинство истрелани ракети се од домашно производство и само малку од нив биле од типот фаџр 5, од иранско производство“.

Хамас се прилагоди на производство на сопствено оружје откако Египет затвори многу тунели за криумчарење ископани под границата, рече истиот извор.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас