Израел троши 246 милиони долари дневно за конфликтот во Газа

Од:

Министерот за финансии на Израел, Безалел Смотрич, во вчерашното гостување на военото радио изјави дека буџетот на земјата за 2023-2024 година „повеќе не е релевантен“ поради конфликтот во Газа и дека ќе биде изменет.

Министерот Смотрич не звучеше вознемирено од намалувањето на рејтингот на Израел од страна на S&P Global од „стабилен“ на „негативен“, пишува Ројтерс. Смотрич процени дека Израел троши околу 1 милијарда шекели дневно за конфликтот во Газа, што е сума од 246 милиони долари.

Министерот за финансии на Израел рече дека сè уште нема проценка за индиректните трошоци за економијата, која е делумно парализирана од масовната мобилизација на армиските резервисти и ракетите истрелани од палестинска страна.

Смотрич го опиша прегледот на S&P објавен во вторникот како „алармантен“, но рече дека не предвидува големи израелски дефицити и покрај кризата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“