Израел распореди тенкови во близина на Газа пред утрешните протести

Од:

Израелската армија распореди свои единици долж границата пред утрешните палестински митинзи, со кои ќе се одбележи првата годишнина од „Маршот на враќањето“ во Појасот Газа.

Со утрешните планирани протести ќе се прослави и палестинскиот Ден на територијата, кој го одбележува убиството на шестмина арапски Израелци од израелските сили во 1976 година за време на протестите против конфискација на територија.

Во предвечерието на протестите, израелската армија распореди тенкови и оклопни возила долж административната линија. Исто така, ќе се набљудува регионот со балони и поставени снајперисти низ целата зона.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху истакна дека и дал инструкции на војската да се подготви за евентуална „широка операција“ во Газа.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас