Израел продолжи со воздушните напади врз Појасот Газа

Од:

Израел продолжи со воздушни напади врз Појасот Газа денеска само неколку ч аса по бранот напади во кои загинаа повеќе од 15 луѓе, вклучително и висок милитант, соопштија војската и палестинските очевидци. „Израелската војска продолжува да ги гаѓа воените цели на палестински Исламски џихад низ Појасот Газа“, се вели во соопштението.

Палестински сведоци изјавија дека биле извршени повеќе напади, вклучително и еден источно од градот Газа.

Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц денеска нареди распоредување до 25.000 резервисти поради тековната воена операција во Појасот Газа, соопшти прес-службата на министерот.

„Врз основа на проценката на безбедносната ситуација, одлучено е да се ангажираат до 25.000 резервни борци за засилување на силите на Јужната команда, воздушната одбрана, борбените единици и командно-контролниот штаб“, се вели во соопштението. Претходно израелската армија објави дека ја спроведува операцијата „Зора“ против групата Исламски џихад во Појасот Газа.

Палестинското Министерство за здравство претходно информираше дека во денешниот напад бил убиен и командантот на Исламскиот џихад во Газа Таисир ал Џабари.

Би можело да ве интересира

Трамп му се закани на Хамас

Нетанјаху: Израел не го прекрши договорот за прекин на огнот со Хамас

А1он

Терористички напад во Израел: Еден напаѓач пукал, друг бодел со нож

Горан Наумовски

Израел ја блокира целата хуманитарна помош за Газа

Израел се согласи со американскиот план за прекин на огнот во Газа за време на Рамазан

Хамас: Подготвени сме да преговараме со Израел за следната фаза од прекинот на огнот во Газа

Горан Наумовски