Израел и порача на Полска: Ниту еден закон „не ги менува фактите“

Од:

Израел денеска остро го критикуваше усвојувањето на законот во полскиот Сенат, според кој, изнесувањето тврдења за евентуална вмешаност на Полска во нацистичките злосторства на нејзина територија за време на Втората светска војна, се прогласува незаконско.

– Израел со крајна сериозност гледа на каков било обид да се оспори историската вистина. Ниту еден закон нема да ги промени фактите, напиша портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи на Твитер.

Полскиот Сенат рано изутринава го усвои Законот со кој се предвидени казни за изнесување тврдења за учество на Полска во нацистичките злосторства на нејзина територија за време на Втората светска војна.

Би можело да ве интересира

„Њујорк тајмс“: Европа се одвраќа од Израел, го доживува како агресор

Полска објави дека поддржува решение со две држави за Израел и Палестинците

За Бајден случувањата во Газа не се геноцид

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

ВИДЕО: Израел напаѓа бегалски кампови во Газа