Израел не прифаќа продожување на примирјето

Од:

Израел попладнево соопшти дека не е подготвен за ново продолжување на прекинот на огнот, откако претходно Хамас се согласи на 24-часовно примирје што трбаше да стапи во сила во 14 часот по локално време (13:00 по средноевропско време).

– Хамас го прекршува примирјето и продолжува да пука по нас. Во таква состојба Израел ќе направи се што е неопходно за да го заштити своето население, изјави израелскиот премиер Бенјамин Натанјаху.

Според податоците на израелската армија, само денеска од Појасот Газа врз Израел биле истрелани 30 ракети, од кои две бил пресретнати од израелскиот систем за противвоздушна одбрана „Железна купола“.

Израел синоќа го проодлжи 12-часовниот прекин на огнот што започна утрото во 8:00 часот по локално време за уште 12 часа, но претпладнево го прекина примирјето како одговор на ракетните напади од Појасот Газа врз јужниот и централниот дел на земјата.

Претходно денеска Хамас соопшти дека прифаќа нов прекин на огнот.

– Во договор со Обединетите нации, поради положбата на нашиот народ, како и за Рамазан Бајрам се согласуваме да поддржиме 24-часовно хуманитарно примирје од денеска во 14 часот, изјави портпаролот на Хамас, Сами Абу Зухри.

Би можело да ве интересира

Германската влада крие информации за оружје и воени злосторства во Газа

Хамас ја прифати резолуцијата на Советот за безбедност за прекин на огнот

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

Орце Костов

Израел продолжи со нападите врз Газа и покрај повиците за прекин на огнот

A1on

Словенија ја призна Палестина

Предраг Петровиќ

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа