Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Од:

Израелските сили презедоа три израелски жени – Дорон Штајнбрехер (31), Емили Дамари (28) и Роми Гонен (24) – кои беа држени од Хамас во Газа. Тие се првите кои се враќаат според првата фаза од договорот за прекин на огнот, кој е предвиден да трае 42 дена.

Во објавата на платформата X, израелските одбранбени сили (IDF) изјавија:

„Трите повратнички моментално се придружувани од елитната единица на ИДФ и безбедносните сили Шин Бет на враќање во Израел, каде што ќе им биде извршена првична медицинска евалуација. Командантите и војниците на ИДФ ги почитуваат и ги поздравуваат повратничките на пат кон Израел“.

Првата фаза од договорот предвидува враќање на вкупно 33 заложници од Газа и ослободување на стотици палестински затвореници.

Во текот на денешниот ден се очекува да бидат ослободени 90 палестински затвореници од израелските затвори. Сè уште не е познато точното време на нивното ослободување.

Би можело да ве интересира

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“

Медицински работници и пациенти се ранети во најновиот израелски напад на Газа

Нетанјаху за време на посетата на Газа: Израел ќе инсистира да го уништи Хамас

За шест месеци во Газа загинаа повеќе од 50.000 луѓе

Емануел Макрон му порача на Нетанјаху: Мора да заврши страдањето на цивилите во Газа

Хамас го отфрли израелскиот предлог за прекин на огнот