Судот издаде наредба за апсење на постариот брат на претседателот на Јужна Кореја Ли Мјун-бак, под обвиниенија за корупција.
Тој издаде наредба неколку часа откако демонстранти го гаѓаа со јајца Ли Санг-деук, го зграпчија за вратоврската, пред влегувањето во судот во Сеул за распит.
Обвинителството го обвини поранешниот пратеник, дека зел поткупи за половина милион долари од двајца приведени банкари, за да им помогне да избегнат санкции.
Претседателот Ли Мјун-бак го завршува петгодишниот мандат во почетокот на следната година.
Наредните претседателски избори во Јужна Кореја се во декември.