Полска, Кувајт, Перу, Гвинеја и Брегот на Слоновата Коска денеска се избрани за непостојани членки на Советот за безбедност на Обединети нации за периодот 2018 – 2019 година.
Тие ќе ги заменат Египат, Сенегал, Јапонија, Уругвај и Украина. До крајот на следната година како непостојани членки на СБ ќе останат Боливија, Казахстан, Шведска и Етиопија.
Генералното собрание на ОН, со 193 земји-членки, гласаше и Холандија да стане непостојана членка на СБ за една година од први јануари 2018 година.
Непостојаното членство во СБ и овозможува на земјите да имаат глас за прашања поврзани со меѓународниот мир и безбедност.