Изборните резултати во Мјанмар го навестуаат невозможното

Од:

Според досегашните резултати на општите избори во Мјанмар, поранешна Бурма, се навестува дека и тоа што беше речиси невозможно, можеби, и е остварливо. Опозицискатата партија Национална Лига за Демократија (НЛД) до средата навечер потврди избор на 216 патеници во Долниот дом има 179, а во Горниот дом 77 од потврдените 81 избрани пратеници. Пратеничко место, со над 90 отсто гласови во изборна единица во главниот град Јангун освои и лидерот на опозицијата Аунг Сан Су Ќи.

Убедливата победа на НЛД веќе ја честиташе и сегашниот претседател Теин Сеин, кој е на чело на Унијата за солидарност и развој, чија партија, најверојатно, ќе има помалку пратеници во споредба со независните и кандидатите на неклку помали партии. Оваа партија се уште смета дека своето влијание во политиката ќе го остварува преку армиската група во Парламентот. Една четвртина од парламентарците, според Уставот донесен во 2010 година, кога армијата, по 50-годишна диктатура, се согласи со препуштање на власта на цивилниот сектор припаѓа на делегирани пратеници од армијата.

Ако Националната лига за Демократија обезбеди 75 посто пратеници во Парламентот, тоа ќе и даде можност да го менува Уставот. Сегашниот Устав не дозволува Су Ќи да се кандидира за претседател, бидејки била во брак со странец, но нејзината партија ќе добие мандат да формира влада и да предложи претседател, кој се бира од редовите на членови на Паламентот.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска