Итно свикан кабинетот: Почнува одмаздата кон Иран

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ќе одржи состанок на владата.

Ова го изјави неименуван израелски функционер за американската телевизија Си-Ен-Ен.

Состанокот на владата доаѓа во време кога израелските лидери размислуваат каков одговор треба да испратат по иранскиот ракетен напад врз нивната земја на 1 октомври.

Си-Ен-Ен потсетува дека поширокиот регион веќе е вклучен во конфликтот.

Израел ги засили воените операции во Појасот Газа, издавајќи наредби за евакуација и блокирајќи ја испораката на храна во сиромашната палестинска енклава.

Се вели дека тензиите продолжуваат на израелско-либанската граница, а десетици земји ги осудија нападите врз мировниците на Обединетите нации.

Поради израелски воздушни напади и копнена инвазија, четвртина од либанската територија е под наредба за евакуација, а вчера премиерот на таа земја повторно побара прекин на огнот.

Иран ги информираше САД и некои земји на Блискиот Исток дека ќе возвратат на секој нов напад од Израел, изјави денеска за Си-Ен-Ен извор од Техеран запознаен со дипломатските разговори.

Во петокот, извор изјави за Си-Ен-Ен дека израелскиот кабинет разговарал како да одговори на ракетниот напад на Иран од 1 октомври, но не донел одлука за тоа.

Би можело да ве интересира

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

Хамас ги повика поддржувачите ширум светот со оружје да се борат против планот на Трамп за Газа

Иранската војска ги подготвува ракетните системи со долг дострел по заканите на Трамп

Горан Наумовски

Во Газа пронајдени 14 тела на хуманитарци

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски