Итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за состојбата во Сирија

Од:

Советот за безбедност на Обединетите нации за вечерва закажа вондредна седница посветена на ситуацијата во Сирија, каде опозицијата ја обвини армијата дека употребила хемиско оружје.

Во меѓувреме, Белата куќа изрази загриженост поради таквите наводи и побара истрага од ОН за употребата на хемиско оружје во Сирија. И Велика Британија и Франција побараа од властите во Дамаск да им дозволат на инспекторите на ОН пристап до местото на денешниот напад.

Активистите на опозицијата го обвинуваат режимот на Башар ал Асад дека употребил отровен гас при нападот, но властите демантираат.

Лидерот на сириската опозиција Ахмад Џарба претходно преку арапската сателитска телевизија Ал Арабија побара итна седница на СБ на ОН, како и меѓународната комисија, која е задолжена за истрагата дали во Сирија се употребува хемиско оружје, да отиде на местото на масакрот.

И Арапската лига апелираше инспекторите на ОН итно да извршат истрага во реонот на Дамаск.

Шефот на инспекторите на ОН во Сирија, шведскиот научник Оке Селстром изјави дека треба да бидат проверени наводите за употреба на хемиско оружје во Дамаск.
И Европската унија денеска побара спроведување „итна и детална“ истрага за наводната употреба на хемиско оружје во Сирија, откако, според тврдењето на сириската опозиција, повеќе стотици луѓе загинаа денеска во нападите на силите на претседателот Башар ал Асад во источните делови на Дамаск.

– Со огромна загриженост ја примивме веста за можна употреба на хемиско оружје од страна на сирискиот режим. Овие обвинувања треба итно и детално да се истражат. ЕУ повторува дека секоја употреба на хемиско оружје, од која било страна во Сирија, е целосно неприфатлива, изјави портпарол на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон.

Џарба истакна денеска дека во нападите на безбедносните сили загинале 1.300 луѓе, тврдејќи дека во нив е употребено хемиско оружје.

– Ова не е првпат режимот да употреби хемиско оружје. Но сега дојде до значајна пресвртница во дејствувањето на режимот… Овој пат е време за уништување, наместо како досега за заплашување, нагласи Џабра.

Русија наводите за употреба на хениско оружје од страна на сирискиот режим ги оцени како планирана провокација.

Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Александар Лукашевич истакна дека „агресивната кампања“ за евентуалното користење на хемиско оружје во предградие на Дамаск е „провокација и поткопување на шансите за одржување на Женевска конференција, која е планирана за 28 август“.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Израел нападна сириски град, 38 загинати

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа