Италијанските власти донесоа построги затворски казни за шверцерите на мигранти

Од:

Италијанските власти донесоа построги затворски казни за шверцерите на мигранти по неодамнешната смрт на најмалку 72 мигранти во Калабрија.

Во италијанскиот град Стекато ди Кутро се одржа состанок на Советот на министри во врска со неодамнешната смрт на мигрантите во Калабрија, која се случи недалеку од тоа место, пренесе Ројтерс.

„Ние сме решени да ја победиме трговијата со луѓе, која е одговорна за оваа трагедија“, рече премиерот Ѓорѓа Мелони.

Таа додаде дека Италија ќе преземе мерки против шверцерите фатени на бродови, како и оние во трети земји кои организираат често смртоносни премини на мигранти.

Новите мерки предвидуваат предизвикување тешка повреда или смрт како резултат на криумчарење луѓе, се казнува со затвор до 30 години.

Би можело да ве интересира

Водата во главниот канал во Венеција стана флуоресцентно зелена

Горан Наумовски

ВИДЕО: Еруптираше вулканот Етна – откажани сите летови

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Катастрофа во Италија: 13 загинати во поплави, над 10.000 раселени, штета од милијарди евра

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од поплавите во Италија се искачи на 13, луѓе се удавиле во своите куќи

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Огромни поплави во Италија: Потопени градови, најмалку девет мртви

Горан Наумовски

ВИДЕО: Огромни поплави во Италија, најмалку осум мртви

Ана Ололовска