Италијанските карабиниери фатија Албанци кои одгледувале „трева“ во оранжерии кај Милано

Од:

Големо количество марихуана одгледувана од албански државјани е запленета во Италија, а тоа ја зголеми загриженоста на италијанските власти дека оваа пракса станува попрофитабилна за шверцерите, пренесува Ора њуз.

Се додава дека полицијата од Галарат, во провинцијата Варезе, во Ломбардија, запленила 650 килограми марихуана и уапсила петмина албански државјани за „индустриско одгледување и трговија со дрога“.

Акцијата е спроведена во општината Бускате каде се откриени два пластеника со 1.176 стебла мархуана високи по 1,5 метар, современ систем за наводнување и осветлување. Исто така откриени се и над 50 килограми сува марихуана, наведува истиот извор.

-Тоа е рекордна заплена на марихуана. Тоа е трговија на големо во количина индустриско производство на марихуана и индикација дека трговците со наркотични средства имаат поголем профит во производството и одгледувањето канабис во Италија отколку надвор од нашите граници, изјавила Елена Пасони, началник на оперативниот тим на полицијата во Варезе.

Петтмината уапсени се на возраст од 20 до 30 години. Тројца од нив илегално престојувале во Италија. Тие ќе одговараат и за нелегално поседување оружје, бидејќи во пластениците бил пронајден и пиштол „Смит и Весон“.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

ВЛЕН: Не може повеќе Македонците да се претставуваат како Албанци