Италијански свештеник запали фотографија на папата Бенедикт XVI

Од:

Италијански свештеник на неделната миса запали фотографија од папата Бенедикт XVI, во знак на протест поради неговата оставка.

Свештеникот Андреа Моги од Кастел Виторио на верниците им кажа дека поранешниот папа го напушти своето „стадо“ и Бенедикт го спореди со „Капетан кукавица“.

-Беше прекрасно – изјави Моги, бранејќи ја својата постапка.

Моги, Бенедикт го спореди со капетанот Франческо Сетина, кој е обвинет дека го напуштил бродот на италијанската обала, пред патниците да бидат на сигурно.

Претставниците на гардата изјавија дека акцијата на свештеникот предизвикала половина од верниците да ја напуштат црквата.

-Пред да започне мисата, свештеникот ја зеде фотографијата на папата и рече дека тоа не е папа, не е чувар и дека го напушти своето стадо.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим