Италијанската премиерка Мелони во посета на Либија

Од:

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска престојува во државна посета на Либија, а главни теми на нејзините средби со претставници на прозападната либиска влада ќе бидат снабдувањето со енергија и миграцијата, како приоритети за ЕУ ​​и Италија.

„Со строги безбедносни мерки Мелони слета во главниот град на Либија, Триполи, во придружба на министрите за надворешни и за внатрешни работи на Италија, Антонио Тајани и Матео Пјантедоци“, соопшти кабинетот на италијанската премиерка.

Се очекува Мелони да разговара со премиерот Абдел Хамид Дбеибех и со претседателот на Претседателскиот совет на Либија, Мухамед Јунис Менфи.

Се претпоставува дека при нејзината посета италијанската државна компанија „Ени“ ќе потпише договор за кој шефот на либиската Национална нафтена корпорација, Фархат Бенгдара, изјави дека ќе биде вреден 8 милијарди долари.

Мелони во последните две недели ги посети Тунис и Алжир, а целта на нејзината северноафриканска турнеја е потрагата по алтернативни извори за снабдување со природен гас, кој треба да го замени гасот од Русија.

Би можело да ве интересира

Италијанската влада го обвини „Вагнер“ дека стои зад бранот мигранти во Средоземното Море

Повеќе од илјада мигранти се спасени во Италија

Ана Ололовска

Италијанските власти донесоа построги затворски казни за шверцерите на мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се судрија два авиони кај Рим, загинаа пилотите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Италијански мафијашки бос избега од затвор, никој не забележа дека го нема два часа

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Мигрант кој го преживеа бродоломот во Италија: Шверцерите фрлаа деца во морето

Ана Ололовска