Италијанската полиција заплени над 460 килограми албанска марихуана и хашиш

Од:

Италијанската полиција заплени 432 килограми марихуана и 31,5 килограми хашиш во локaлитетот Ле Кесинапо, меѓу местата Сан Каталдо и Сан Фока.

Полицијата интервенирала по добиена анонимна дојава за оставени торби на плажата. Според полицијата, дрогата била наменета за италијанскиот нарко пазар, а била транспортирана од Албанија со моторен чамец.

Заедно со дрогата бил запленет и моторен чамец со должина од пет метри, но нарко-шверцерите успеале да побегнат.

Италијанската полиција во саботата во пристаништниот град Бари  заплени 1,27 тони албанска марихуана спакувана во 1177 пакетчиња, која на нарко-пазарот достигнува вредност од 13 милиони евра.

Дрогата била скриена во камион кој пристигнал со траект од Албанија. Полицијата го уапси возачот, кој е албански државјанин.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим