Италијанската полиција откри група за регрутирање борци за ИД

Од:

Италијанската полиција соопшти дека открила група исламски екстремисти во Италија и Албанија, кои регрутирале борци за групата „Исламска држава“.

Три лица се уапсни, соопшти денеска италијанската полиција. Меѓу нив е Италијанец од мароканско потекло, за кого се претпоставува дека изработил пропаганден материјал за ИД на италијански јазик за потенцијални италијански џихадисти.

Италијанскта полиција соопшти дека останатите двајца уапсени се Албанци. Еден маж е уапсен во Албанија, а неговиот внук во Торино. Албанската полциија го идентификува мажот како 38-годишен Албан Елези. Тој е уапсен во Каваја, на 55 километри западно од Тирана.

Според полицијата групата имала контакт со друг Италијанец со мароканско потекло, кој е меѓу 65 стански борци од Италија во Сирија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески