Италијанската морнарица од бродови во Средоземено Море собрала 3.000 емигранти

Од:

Италијанската морнарица денеска соопшти дека во изминатите 24 часа од бродовите во Средоземно Норе пресретнала и привела речиси 3.000 илегални емигранти, кои биле тргнати на опасно патување преку Медитеранот.

Морнарицата соопшти дека денеска собрала 1.300 емиграната, во петокот извлекла уште 1.443 лица и при тоа од еден брод евакуирала 264 деца. Уште 200 лица се земени во близина на италијанскиот остров Лампедуза.

Само годинава од северна Африка до Европа се дојдени најмалку 39.000 лица, додека оваа бројка во цела 2013 година изнесуваше 43.000.

Италија стана најчестата дестинација за илегален влез на имигранти во земјите на Европската унија, потсетуваат француските медиуми.

Кон оваа земја секоја година тргнуваат десетици илјади рибарски бродови кои го минуваат Медитеранот во обид илегалците да се дофатат до европското тло и до азил.

Според податоците на ОН, во последните 20 години во таквите „акции“ настрадаа меѓу 17.000 и 20.000 лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим