Италијанска „Република“: Путин го нема во јавноста затоа што очекува бебе

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин го нема во јавниоста веќе седум дена, поради среќен повод, објави италијанска „Република“.

Имено, според весникот, Путин бил во швајцарскиот град Лугано каде треба да се роди неговото дете од поранешната олимписка шампионка во ритмичка гимнастика Алина Кабаева.

„Република“ за ваквите наводи се повикува на швајцарски медиуми – радиото Ер-Ес-И и на весникот „Блик“.

Според нив, 32-годишната Кабаева, за која со години се тврди дека е пријателка на Путин, била регистрирана како пациент во престижната клиника „Санта Ана“ во околината на Лугано.

Швајцарските медиуми тврдат дека Кабаева и 62-годишниот Путин резервирале две соби во клиниката. Една за родилката Кабаева и другата за роднини и за обезбедување.

Медиумите тврдат дека породувањето треба да биде во најскоро време.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија