Италијанец – шеста жртва на лавина на австриските Алпи

Од:

Италијанец кој на 5 јануари загина во лавина на Алпите, во Австрија, на границата со Швајцарија, е шеста жртва на лавините за само една недела.

Неговата сопруга вчера пријавила дека тој е исчезнат но спасувачките екипи не успеале да го пронајдат.

Бил пронајден денеска, закопан под половина метар снег, од лавината која е можно самиот да ја предизвикал.

Австриските власти го подигнаа предупредувањето на опасност од лавини на 4-то ниво, од можни пет. И на најискусните скијачи им се препорачува да не ги напуштаат обележаните патеки.

Најголем број жртви на лавини имаше во покраината Тирол – 4 за само 5 дена…

Според познавачите причина за лавините е раниот снег кој падна во октомври и не е добра подлога за новите снегови. Во такви услови и најмал товар, како тежината на скијачот, може да предизвика лавина. Друга причина е ветерот кој ги следи снежните врнежи и е „најдобар градител на лавини“.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче