Италијанец казнет во Даблин за „невкусна шега“ со еболата

Од:

Италијанецот Роберто Бјанаки (56) е осуден од судот во Даблин да плати казна од 2500 евра,откако беше обвинет од ирската полиција за предизвикување паника, шегувајќи се дека е болен од ебола.

Бјанаки кој патувал со авион на ирската компанија „Ер Лингус“ од Милано за Даблин, заедно со својата сопруга и нивната ќерка, беше уапсен веднаш по слетувањето во ирскиот главен град, затоа што на шолјата за кафе, што го нарачал во текот на летот, напишал со фломастер „Внимание ебола“.

Кога подоцна стјуардесите ги собрале шолјите и чашите од патниците и го виделе „предупредувањето“ покренале здравствена и безбедносна тревога, предизвикувајќи паника во авионот.

Во текот на судењето, тој се извинил и рекол дека немал намера да предизвика такви проблеми.

Според Бјанаки, сето тоа било само обична шега, упатена за неговата ќерка, за да не го пие неговото кафе. Откако завршиле со пиењето, таткото и ќерката заборавиле да го избришат „предупредувањето“ кое без објаснување за што всушност станува збор, стигнало во рацете на ирскиот екипаж.

Судијата на судот во Даблин немал разбирање за шегувањето на Италијанецот, па неговата порака на шолјичката ја нарекол „крајно невкусна и нездрава шега“.

За ирскиот судија, шегувањето со смртоносната болест ебола, поради која се воведени специјлни безбедносни мерки на авионските летови и по аеродромите, само таа да не се рашири од Западна Африка, низ целиот свет, е еднакво на тоа некој патник да напише дека во авионот има бомба.

– Станува збор за исто кривично дело, рекол во својот завршен збор. Тој, сепак, наместо за кривична, се определил за висока парична казна, наменувајќи таа да биде уплатена за еден хуманитарен фонд во Даблин.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он