Италија сака да овозможи влез на патници без задолжителен карантин

Од:

Министерот за надворешни работи на Италија, Луиџи Ди Мајо сака месецов да овозможи патување во земјата без задолжителен карантин за оние кои влегуваат во земјата. Ова е дел од заложбата да се поттикне туризмот во оваа земја кој трпи голема штета за време на пандемијата.

Патувањето во Италија би требало да биде потполно олеснето за оние кои се вакцинирани против Ковид-19.

Ди Мајо вели дека во соработка со министерот за здравство разговараат за можноста да нема веќе карантин за граѓаните од Европска унија и за патниците од Израел кои имаат негативен тест на вирусот, оние кои се вакцинирани и тие кои ја прележале болеста.

Патниците кои доаѓаат во Италија, во моментов мораат да се тестираат непосредно пред патувањето, да поминат петдневен карантин и потоа повтрно да се тестираат.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

(ВИДЕО) Трагедија во Италија – кај градот Соренто пукна кабина на жичарница, загинаа 4 лица

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага

(ВИДЕО) Скандал во Италија, поранешниот премиер повлече за коса новинарка

Предраг Петровиќ