Италија и УНЕСКО со „сини шлемови на културата“ ќе ги бранат скапоцените споменици од екстремистите

Од:

Италија и УНЕСКО вчера потпишаа спогодба за зачувување на древните уметнички предмети, споменици, археолошки објекти и артефакти во конфликтните зони од нивно паѓање во раце на екстремисти, пренесоа американските медиуми.

Спогодбата беше потпишана во Рим од страна на италијанскиот министер за надворешни работи Паоло Џентилони и генералниот директор на Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО), Ирина Бокова.

Договорот предвидува создавање италијанска единица со специјална намена, која веќе е наречена „сини шлемови на културата“, и центар во Торино за обука на експерти за заштита на културното наследство.

Високи службеници изјавија дека уште не е избрана земјата за првата мисија на овој специјален одред, чиј костур ќе бидат италијанските карабиниери – полувоена структура со богато искуство во борбата против шверцот на запленти артефакти и уметнички предмети. Во него, меѓутоа, ќе има и историчари и експерти за културното наследство. Секоја земја ќе може да се обрати до УНЕСКО со барање за помош од специјалниот одред.

Стратегијата за заштита на културното наследство „во иднина може да стане еден од најважните компоненти на борбата против тероризмот“, изјави Џентилони.

– Ние сме сведоци на трагедијата, поврзана со уништувањето на бесценето наследство, на систематски и умислени напади против културата, изјави Ирина Бокова на потпишувањето на спогодбата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион