Италија ги затвора сите продавници освен аптеките и продавниците за храна

Од:

Италијанскиот премиер Џузепе Конте објави дека сите трговскки објекти во Италија ќе бидат затворени до 25 март. Исклучок се продавниците за храна и аптеките.

Мерката е воведена со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус.

Во телевизиско обраќање Конте нагласи дека фирмите треба да ги затворат сите оддели што не се одлучувачки за прооизводството.

Се затвораат сите продавници, козметички салони, барови и ртесторани. Градскиот транспорт ќе продолжи со работа како и банките.

– Ќе го анализираме ефектот од мерките за две недели, изјави премиерот. Конте вчера објави карантин врз целата територија на државата до 3 април.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески