Италија ги зајакнува безбедносните мерки поради терористичка закана од Балканот

Од:

Министерството за внатрешни работи на Италија наложи да се зајакнат безбедносните мерки на три пристаништа на јадранското Море, посочени како веројатни места од од каде терористите од Балканот би влегле во Европа.

Зајакнати се мерките за Анкона, Бари и Бриндизи, соопштува БТА, повикувајќи се на експерти, кои побарале да останат анонимни.

– Максимален степен на готовност е воведен по брегот на акваторијата која граничи со Албанија. Засилената контрола има и за цел да се спречат евентуални терористички напади на самите пристаништа, но и да се осуетат обидите за транзит на џихадисти во Сирија и Ирак.

Вчера министерот за внатрешни работи Анџелино Алфано предупреди дека е зголемена терористичката закана по нападите во Тунис, Франција и Кувајт.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим