Италија ги отвори кино салите, обожавателите на кино културата возбудени за новиот почеток

Од:

По целосниот карантин поминат неколку месеци поради пандемијата со коронавирусот, италјанските обожаватели на филмската култура од денеска можеа да ги посетат кино салите во државата.

Секој кој сакаше да гледа филм од понудениот репертоар мораше да се придржува кон првентивните мерки кои важат за внатрешни простории.

Во „UCI Cinema“, во главниот град на Италија можеше да се забележи како обожавателите носејќи заштитни маски на лицето купуваат билети преку електронските термнали за посакуваните филмски проекции.

Луѓето пред да влезат во кино салите, мораа да бидат проверени дали носат маски, а пред влезот им беше измерена и нивната температура.

Оние на кои им беше дозволен влезот, требаа да го почитуваат пропишаното растојание на седење во согласност со владините мерки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески