„Истурете ја пепелта кај траектот, можеби ќе бидам повторно со моите ученици“

Од:

Наставникот задолжен за повеќе од стотина ученици на траектот кој потона на брегот на Јужна Кореја изврши самоубиство, бидејќи фактот што преживеал бил „премногу болен“ за него.

Во своето последно трогателно писмо, Канг Мин-Гју напишал дека се надева дека во задгробниот живот повторно ќе им биде наставник на учениците чии тела се уште не се пронајдени.

Овој 52-годишник е пронајден мртов неколку дена откако тој и 75 негови ученици успеале да побегнат од траектот Севол кој потонал во близина на јужниот брег.

Потврдена е смртта на 14 ученици, а 236 се водат како исчезнати. Нуркачките екипи денеска почнаа да извлекуваат тела од траектот.

Полицијата го пронашла Канг како виси со каиш околу врат на дрво во саботата попладне пред гимназијата каде се сместени семејствата на жртвите.

Полицијата првобитно соопшти дека не оставил проштално писмо, но подоцна го промени исказот и објави делови од писмото напишано на две страници.

– Тоа што го преживеав е премногу болно за да го поднесам кога знам дека 200 деца се водат како исчезнати. Преземам целосна одговорност. Јас бев еден од организаторите на патувањето, напишал Канг во писмото.

– Запалете го моето тело и истурете ја пепелта на местото каде што потона траектот. Можеби во задгробниот живот повторно ќе им бидам наставник на моите ученици, напишал тој.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња