Инфицирана патничка во авион заразила други 15 лица со коронавирус

Од:

Долгите авионски летови се погодно тло за ширење на коронавирусот, покажа едно ново истражување, поткрепувајќи го овој заклучок со примерот на летот од Лондон до Ханој, кога една патничка од авионот заразила 15 други лица.

Станува збор за летот VN54 од 1 до 2 март, кога во бизнис класата имало жена која кашлала и имала болки во грлото.

Кога слетала во Виетнам, таа добила висока температура и потоа била тестирана на коронавирус.

Научниците добија можност детално да го испитаат случајот и дојдоа до заклучок дека 12 патници од бизнис класата и двајца патници од економската класа, како и една стјуардеса, во текот на летот се заразиле со коронавирусот, иако ниту еден од новоинфицираните немал симптоми.

Врз основа на ова истражување научниците докажале дека движењето на аеросолите може да претставува проблем во авионите и дека авионите се плодна почва за масовно ширење на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Десетици жртви во пожар во зграда во Виетнам: дете фрлено од прозорец за да се спаси

Катерина Ѓуровски

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска