Истражување: Французите се најголеми уживатели на наркотици во Европа

Од:

Французите се најголеми уживатели на дрога во Европа, покажуваат податоците од истражување, објавено од медиумите во Белгија.

Резултатите се добиени со проверка на отпадните води во урбаните средини. Резултатите од анализата покажале дека концентрацијата на молекулите, кои се содржат во канабисот, во водата е пет пати повисока од податоците за Амстердам.

Истражувањето покажува дека за разлика од кокаинот и синтетичките дроги, кои се користат главно за време на викендите, марихуаната е секојдневно средство што го користат Французите.

Студијата, исто така, покажува дека постои разлика во наркотиците кои се користат во различни географски зони. Така употребата на хероин преовладува во североисточниот дел на Франција, додека на југ повеќе се користи амфетаминот и кокаинот.

Според податоците од истражувањето употребата на наркотици во големите француски градови е за 2,5 пати повеќе во однос на малите населени места.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили