Истрага во британска болница за злоупотреба со опијати

Од:

Британската полиција започна истрага во болница каде се верува дека стотици пациенти починале предвреме, откако им биле дадени силни лекови против болки.

Полицијата го истражува случајот на пациентите починати во болницата „Госпорт Вар Мемориал“ (Gosport War Memorial) во јужниот дел на Англија од 1987 до 2001 година.

Истражувањето од минатата година покажало дека на повеќе од 450 лица им бил скратен животот во болницата, додека на 200 други „веројатно“ им биле давани силни опијати.

– Тоа е еден многу сложен и емотивен случај, со кој семејствата живееле повеќе од 30 години, изјави полицаецот Ник Доунинг.

Минатогодишната ревизија покажа дека болницата има „институционализиран режим“ за препишување и користење опијати во количини кои не биле клинички оправдани.

Би можело да ве интересира

Серијата апсења низ Англија, тројца мажи се обвинети за шпионажа

(ВИДЕО) Голем пожар во Саутемптон, клубот го одложи вечерашниот натпревар

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Во Норфолк: Четиричлено семејство пронајдено мртво, таткото и мајката се прободени во вратот

Горан Наумовски