Истрага во Британија за инфицирана крв што била давана на пациентите

Од:

Велика Британија ќе спроведе јавна истрага за заразената крв која во 70-те и 80-те години од минатиот век е користена кај пациенти во Државната здравствена служба (НХС), а се проценува дека поради тоа починале околу 2.400 лица, соопшти денеска британската Влада.

Во текот на 70-те и 80-те години од минатиот век крвните производи кои се доставувани до НХС биле заразени со вируси на хепатит Ц и ХИВ, поради што илјадници луѓе добиле хемофилија и други болести.

Британскиот министер за здравство Филип Дан изјави дека голем број документи биле јавно објавени.

Според извештајот на пратениците од 2015 година, Одделот за здравство проценил дека над 30.000 лица биле заразени со вирусот на хепатит Ц од 1970 до 1991 година, периодот кога Велика Британија увезувала крвни производи од САД, но оти само 6.000 се идентификувани.

Во периодот од 1978 до 1985 година идентификувани се 1.500 лица со вирусот ХИВ.

Би можело да ве интересира

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија

САД и Велика Британија повторно ги нападнаа Хутите: „Погодивме осум цели“

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници