Истрага против директорот на „Чајна рисорсис груп“

Од:

Комунистичката партија на Кина денеска соопшти дека покренала истрага против Сонг Лин, директор на најголемата бизнис групација во сопственост на државата „Чајна рисорсис груп“, поради корупција.

Централната комисија за дисциплинска инспекција објави на својата интернет-страница дека Сонг, по деветмесечната проверка на работењето на компанијата, е осомничен за „сериозно кршење на дисциплината и законот“, фраза која обично се користи за проневера, земање мито или слични облици на корупција.

Сонг ги отфрли обвинувањата и негираше вмешаност во какво било кривично дело.

Позицијата на директор на таков конгломерат е еквивалентена на позицијата зaменик-миистер на кинеската Влада.

Кинескиот премиер Ли Кечијанг минатиот месец изјави дека официјален Пекинг се залага за „нулта толеранција кон корупцијата“ без оглед кој е вмешан.

– Ние ќе покажеме нулта толеранција за тие со коруптивно однесување, вклучително и фунционерите, истакна Ли на крајот од годишната седница на Народниот конгрес.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он