Историскиот договор за глобална трговија со оружје стапи во сила

Од:

Историскиот договор, со кој се уредува глобалната трговија со оружје денеска стапи во сила, а овој важен настан беше поздравен од Обединетите нации и активистите, кои се борат за стопирање на продажбата на оружје на диктатори, терористи и прекршувачите на човековите права.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изјави вчера дека брзото стапување во сила на Меѓународниот договор за трговија со оружје, помалку од две години по неговото историско усвојување во Генералното собрание на ОН, е одраз на заложбите на државите, меѓународните организации и цивилното општество да се спречи неодговорниот трансфер на оружје.

Договорот од земјите кои го ратификуваа бара да создадат национални правила за контрола на трансферот на конвенционалните оружа и деловите за нив, а со него се уредува и дејноста на трговците на оружје.

Документот забранува трансфер на конвенционални оружја, доколку со тоа се нарушува ембарго или ако се помагаат актови на геноцид, криминал против човештвото и воени злосторства, како и доколку би можеле да бидат употребени за напад врз цивили или цивилни згради, како училишта и болници.

Досега 60 земји го ратификуваа договор, вклучувајќи пет од десетте водечки извезувачи на оружје во светот, Франција, Германија, Италија, Шпанија и Велика Британија. Уште 129 земји го потпишаа, но не го ратификувале, а меѓу нив се и САД, најголемиот производител и извезувач на оружје во светот.

Бан ги повика сите земји, кои не го ратификувале дооворот да го сторат тоа најбрзо што можат.

Генералниот секретар на „Амнести интернешнл“ Салил Шети го определи договорот како историски напредок. Според него сепак тој сам по себе не е доволен и ќе биде потребна поголема поддршка и притисок за да се гарантира дека државите стриктно ќе го почитуваат.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Криминалци од Србија продавале дрога и оружје во Данска, заработиле над два милиони евра

Нови фотографии од салата во Москва, терористите оставиле оружје и муниција зад себе

А1он

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Скок во приходите и профитот на голем германски производител на оружје