Истакнати дезертери се вратија на страната на Асад

Од:

Најмалку петмина истакнати сириски воени офицери, кои во текот на актуелната криза дезертираа и застанаа на страната на бунтовниците, увидоа дека бунтот не е она што мислеа дека ќе биде. Тие признаа дека погрешиле и потврдија дека нема да се борат против владата, пренесува РИА Новости.

Ова е многу важна вест и е уште поважна, ако сметаме дека лидерот “покајник” полковникот Калед ал-Залем, е командант на Воениот совет на FSA (бунтовничката “Слободна Сириска армија) за југот на Сирија.

“Ве известуваме дека одбиваме да продолжиме со вооружени напади, бидејќи сфативме дека сириската криза не може да се реши со оружје”, изјави полковникот Калед ел-Залем. Исто така истакна дека тој и група на други офицери повторно се стават на на страна на државната власт и на тој начин ги повика бунтовниците и дезертерите да го сторат истото.

Кинеската новинска агенција Хсинхуа пренесува дека истата одлука вчера ја донесе и уште еден бунтовнички командант, Јасер ал Абед – кој предводеше група на бунтовници во северниот дел на провинцијата Алепо.

Абед, како и полковникот Залем, својата одлука ја пренесоа вчера на прес-конференција во Дамаск, во склоп на состанокот на внатрешна опозиција. “Размислете малку и ќе видите дека носењето на оружје е против умот и слободата. Сирија е нашиот дом, но сакаа да го запалат. Најмногу целеа на нашата вера, нација и татковина. Сега сето ова ми е јасно и затоа решив да го положам оружјето и да биде мирен човек кој ќе се бори за добрина и хуманост”, рече Јасер ал Абед за време на неговиот говор.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски