Некогашната севернокорејска тајна агентка Вон Јеонг-хва (40), позната и како Ким Јонг- Илова Мата Хари, се жали дека овие денови во Јужна Кореја живее од социјална помош, пренесе „Јутарњи“.
Поранешната шпионка, која за време на режимот на покојниот Ким Јонг Ил, таткото на актуелниот севернокорејски лидер Ким Џонг Ун, јужнокорејските тајни ги разоткривала стапувајќи во сексуални односи со клучни луѓе од Сеул, до пред една година беше во затвор, а сега со својата ќерка живее во околината на Сеул.
Таа се надевала дека како и останатите поранешни шпиони ќе заработува со пишување книги и како експерт за Северна Кореја ќе се појавува на телевизиите, но нејзината идеја не се остварила, бидејќи речиси ниту еден медиум не ја сфаќа сериозно. Се обидела да работи и како келнерка и хигиеничарка, меѓутоа поради нејзиното минато работодавачите и давале отказ.
-Безброј пати се обидував да се самоубијам- рече Вон во неодамнешно интервју.
Таа моментално се соочува со два големи проблеми, кои го попречуваат развојот на нејзината кариера. Од една страна се тврдењата дека била агент од третиот ешалон, а не една од главните Кимови шпионки.
Од друга страна приказната за сексуални односи со клучните луѓе од Сеул, е допоплнителен товар во животот на оваа поранешна агентка, со оглед на конзервативната култура која преовладува во Јужна Кореја.
Вон во 2008 година завршила во затвор, откако судот заклучил дека како шпионка на Пјонгјанг во Јужна Кореја претставувала севернокорејска дисидентка, при што ги заведувала високорангираните севернокорејски воени функционери и од нив ги извлекувал државните тајни.
Северна Кореја во тоа време своите јужни соседи ги обвинила дека намерно произведуваат лажна афера, чија цел е уривање на угледот на Пјонгјанг.
Набргу по отслужување на казната, Вон во неколку наврати се појавила на телевизија, каде што ја раскажала својата приказна за строгата обука и се фалела со својата наводна непослушност кон починатиот Ким, чиј што режим и наредил да отруе двајца јужнокорејски генерали.
Го спомнала и човекот на нејзиниот живот, ниско рангиран јужнокорејски функционер во кого се вљубила и кој завршил во затвор, бидејќи и откривал тајни и покрај тоа што знаел дека е шпионка. Но, некои десидентите велат дека додека работела како агент, се однесувала доста непрофесионално и поради тоа им е тешко да поверуваат дека ја поминала строгата обука.
-Мислам дека ја искористија како доушник, не е можно таа да била шпион-смета дисидентот Ким Џонг-хва.
Е. Г.