Исповед на мајка чија ќерка се приклучила на ИД: Родив чудовиште

Од:

Една Русинка призна дека се обидувала на сите начини да ја спречи нејзината ќерка да не им се прикличи џихадистите од групата Исламска држава (ИД), па дури и ја врзувала со синџир за радијаторот во нивниот стан, но дека таа сепак успеала да побегне.

Лондонски „Дејли Меил“, кој ја пренесува исповеста на очајната мајка Шахија Бочкирова, пишува дека останува и натаму нејасно што ја натерало нејзината 20-годишна ќерка, Фатима Џафарова, да се откаже од својот дотогашен живот и работата во светот на модата, да ги замени со џихадизмот.

127292219156596b8746c26799479061_w640

– Знам само дека родив едно чудовиште, изјавила очајната мајка.

Таа не знае како ќерка и побегнала од дома, но смета дека преку турската територија таа се префрлила во Сирија, каде веднаш им се приклучила на милитантните исламисти на ИД.

Бочкирова раскажува дека Фатима својата модерна облека ја заменила за традиционалните облеки на муслиманските жени, одејќи целосно забрадена и дури прифатила да биде четвртата сопруга на еден од повисоко рангираните џихадисти на ИД.

32032225456596b87528c1476808968_w640

Фатима на интернет постојано ги фали „успесите“ на терористите на разни „фронтови“ и ја велича борбата на „нејзините браќа“ против, како што вели „неверниците“ во терористичките напади, како оние во Париз, кога беа убиени 130 лица, или како соборувањето на рускиот патнички авион над Синај, во кој загинаа 224 патници, меѓу кои и триесетина деца.

– Не очекувам одново да се видам со ќерка ми. Мислам дека таа е веќе загубена, вели Шахија Бочкирова.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија