Џихадистичката група „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за ракетниот напад во густо населените зони на авганистанскиот главен град Кабул, при што загинаа најмалку осум лица.
Ракетниот напад беше насочен кон различни делови на централен и северен Кабул – вклучително и во и околу силно утврдената Зелена зона, во која се сместени амбасади и меѓународни компании.
Нападот се случи неколку часа пред американскиот државен секретар Мајк Помпео да се сретне со преговарачите од авганистанската влада и талибанците во катарската престолнина Доха, во моменти кои има знаци на напредок во нивните мировни разговори.
И покрај тврдењето на ИД, портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тарик Аријан ги обвини талибанците, велејќи дека „терористите“ истрелале вкупно 23 ракети.