Исламска Држава ја презеде одговорноста за двете денешни експлозии во главниот град на Авганистан, Кабул, се наведува во соопштението на оваа терористичка организација што беше објавено на социјалната мрежа Телеграм.
Британските медиуми, цитирајќи ги талибанските власти, пренесуваат дека во експлозиите загинало едно лице, а најмалку шест се повредени, меѓу кои и три жени.
Терористичките акции на Исламската држава во Авганистан зачестија откако Талибанците ја презедоа власта во август.
Претходно овој месец, во напад на Исламска држава врз болница во Кабул загинаа најмалку 23 лица, а десетици беа повредени.
Во средината на октомври, сунитската милитантна организација Исламска држава изврши напад врз шиитска џамија, за време на молитва, во Кандахар, при што загинаа 65 лица.