Исламска држава ги повика муслиманите да му се заколнат на верност Aл Багдади

Од:

Бунтовниците од групата Исламска држава издадоа проглас во кој ги повикуваат муслиманите да му се заколнат на верност на „калифот Абу Бакр ал Багдади“.

Исламистички извори од Сирија посочуват дека памфлетот, што бил објавен на многу места на Интернет од страна на поддржувачите на оваа група, е дел од кампањата за создавање „Калифат“ и за популаризирање на Ал Багдади.

Прогласот, насловен како „Кренете ги рацете и заколнете му се на верност на Багдади“, се чини дека во голем степен се темели на долгиот говор на верскиот лидер на Исламска држава, Тукри ал Бинали, што бил напишан минатата година.

Текстот говори за родословот на Багдади, за кој се тврди дека е потомок на пророкот Мухамед, го истакнува неговото образование по исламско право и ги опишува неговите успеси на бојното поле.

Би можело да ве интересира

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС

17-годишник со турско потекло е уапсен во Виена поради планирање терористички напад