Исламистите им објавија војна на хомосексуалците

Од:

Борците од групацијата Исламска држава почнаа кампања против хомосексуалците со пропагандно видео, објавено на исламистичка Интернет страница.

На снимката се гледа како припадници на ИД фрлаат од треттиот кат на една зграда маж, за кого се сомневале дека е хомосексуалец, пишува бртанскиот весник „Индепендент“.

Пред егзекуцијата исламистите формирале импровизиран суд, кој го обвинил мажот за содомија и донел одлука дека треба да биде казнет со смрт. Потоа најмалку девет мажи го турнале осомничениот хомосексуалец од третиот кат на зградата во ирачката провинција Анбар, која е под контрола на ИД.

Целиот настан е обајвен во пропагандното видео, но на него не се гледа дали мажот починал од падот.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

Велика Британија предлага хомосексуалците и бисексуалците да се вакцинираат против мајмунски сипаници

А1он

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска