Саиф-Алах Банахсин, лидерот на радикалната исламистичка група „Ансар ал –Шари“, познат и како Абу Ијад, вчера се закани дека ќе ја сруши туниската влада, бидејќи ден пред тоа премиерот Али Ларајед го обвини за шверц на оружје во северно африканската држава.
На својата интернет страна, Бенахсин се закани дека ќе го собори премиерот и ќе го фрли на „историската депонија“ доколку ја спречи неговата група. Ова е прв пат Бенахсин да се заканува со рушење на владата.
Според Ларајед, салафистичката организација на Бенахсин, има намера во Тунис да воведе пуританска форма на исламот и дека е одговорен за шверцот на оружјето кое што го запленија безбеднодните структури.
Медиумите потсетуваат дека туниските сили за безбедност, последниве месеци неколку пати дојдоа во судир со екстремистите кои се обидуваа да внесат оружје од Алжир и Либија и дека минатиот месец се запленети две големи серии оружје.
Полицијата трага по Бенахсин бидејќи е осомничен за поттикнување на демонстрациите по повод филмот во кој се навредува пророкот Мухамед и за нападот на американската амбасада во септември минатата година.
Туниската полиција исто така, обвини еден салафист за атентатот на секуларниот опозициски политичар, Чокриј Белаид, по што ги изгубија најголемите протести во Тунис од исфрлањето на Зин ел Абидин Бен Алија пред две години.
Елена Георгиевска