Исламистичката опозиција во Јордан против доаѓањето на американски војници

Од:

Јорданската Исламска опозиција, вчера ја осуди информацијата за присуство на американска армија во Кралството барајќи од власта уште еднаш да размисли за овој потег.

“Владата мора да направи ревизија на одлуката за овластување на доаѓањето на странски трупи на тлото на Јордан,” порачуваат од Исламскиот Акциски Фронт, политичкото крило на Муслимански браќа.

Да потсетиме, САД најавија дека дека на просторот на Јордан наскоро ќе пристигнат 200 американски војници поради ситуацијата во соседна Сирија. Американскиот секретар за одбрана Хејгел и други американски официјални лица велат дека на крајот, доколку Обама нареди, можно е доаѓањето и на 20.000 војници со цел интервенција во Сирија.

Овој потег доаѓа во време кога сирискиот претседател Башар ал-Асад предупреди дека конфликтот може лесно да се прошири и на Јордан. “Би ни било мило нашите соседи во Јордан да разберат дека оганот нема да запре на нашите граници. Целиот свет разбира дека Јордан е изложен на кризата која трае во Сирија”, рече Асад во интервјуто за сириската телевизиска станица Ал Ихбарија на годишнината од сириската независност од Франција.

“Исламистичкиот Акциски Фронт категорички го отфрла присуството на странски војници во Јордан,” се вели во соопштението на јорданската опозиција и се истакнува дека јорданските вооружени сили се и повеќе од способни да ја бранат земјата ако има потреба.

И покрај јавното признание на американскиот државен секретар за одбрана Чак Хејгел дека американските војници доаѓаат поради ситуацијата во Сирија, јорданската војска се обидува да ги смири тензиите во домашната јавност со изјавите дека “200 американски војници немаат никаква врска со ситуацијата во Сирија.”

“Тие се првата група која ќе учествува во воените вежби оваа година во која, исто така, ќе учествуваат уште 15 земји”, се вели во соопштението на јорданската армија.

Доаѓањето на американските војници вчера го осуди и Русија истакнувајќи дека се работи за “неконструктивен чекор кој се заканува со проширување на конфликтот.”

Портпаролот на руското министерство за надворешни работи, Александар Лукашевич, истакна дека овој потег е во спротивност со меѓународно договорените принципи за запирање на сириската криза преку преговори.

“Ова апсолутно не се потези кои сега ни требаат за извлекување на Сирија од ќор-сокакот. Овие потези само ја продлабочуваат кризата во Сирија, која сега веќе добива димензија на регионална криза”, рече тој.

Би можело да ве интересира

Групата Исламски отпор ја презеде одговорноста за нападот на американската база

Трамп: Да бев јас претседател ќе беше мир во целиот свет

(ВИДЕО) Тројца Американци се мртви, 30 повредени во напад на база во Јордан: Ќе одговориме порача Бајден

Нападната американската војска: Најмалку 3 војници загинаа, 25 се ранети

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

Јордан: Никој во регионот не верува во израелската приказна за експлозијата во болницата