Исламисти од ИД егзекутирале тројца Кинези поради обид да побегнат од нивните редови

Од:

Џихадисти од групата Исламска држава (ИД) егзекутирале тројца Кинези, кои се бореле на нивна страна во Ирак и Сирија, бидејќи се обиделе да побегнат, пишува кинескиот весник „Глобал тајмс“.

Еден од кинеските исламисти бил осуден од суд на ИД и застрелан во Сирија, а другите двајца се обезглавени во Ирак. Убиствата се извршени во септември и декември минатата година.

Заедно со двајцата кинески џихадисти во Сирија, исламистите обезглавиле уште 11 свои борци од 11 земји. Тие биле обвинети за предавство и обид да избегаат од редовите на групата.

Кинеските власти сметаат дека околу 300 кинески екстремисти се борат во редовите на ИД.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он