ИСИС поседува нуклеарна бомба?

Од:

Фанатици од ИСИС тврдат дека конструирале таканаречена валкана бомба, односно класична експлозивна направа со радиоактивен додаток, чија цел е да предизвикаат радијација и да контаминираат поголем простор.

„Дејли меил“ повикувајќи се на наводите на социјалните мрежи пренесе дека еден претставник на Исламска држава напишал дека пеколната направа би можела да предизвика целосен хаос во Лондон.

За сега не е можно да се потврди дали навистина поседуваат ваква бомба, меѓутоа факт е дека во јули беше објавено дека од простории од Универзитетот во Мосул, кој моментално е под контрола на ИСИС, исчезнале 40 килограми ураниум.

Меѓу радикалните исламисти кои се фалат со направата е и британскиот пиротехничар Хамајун Тарик, кој на џихадистите им се приклучи пре две години.

Тој на „Твитер“ под својот муџахедински псевдоним Муслим ал Британи, напишал: „Исламска држава има валкана бомба. Најдовме радиоактивен материјал на Универзитетот во Мосул. Сега ни преостанува да сфатиме што се валканите бомби, какви се последиците од нив и што би можело да се случи доколку детонираме една на јавно место“.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС

17-годишник со турско потекло е уапсен во Виена поради планирање терористички напад