Исчезнатиот авион на „Малезија ерлајнс“ свртел кон Антарктикот

Од:

Авионот на компанијата „Малезија ерлајнс“ летал уште неколку часа по прекинот на радиоконтактот и трипати свртувал, што наведува на заклучок дека некој во пилотската кабина намерно го пренасочил.

Деталната анализа на сателитските податоци открива дека авионот трипати свртувал, двапати лево, кон запад, а потоа на југ, кон Антарктикот.

Според зборовите на Малком Бренер, водечки експерт за утврдување на причината за авионската несреќа, свртувањата „јасно наведуваат на заклучок“ дека некој во кабината намерно го пренасочил авионот.

Бренер својот став го изнел во новиот документарен филм кој следниот месец ќе биде прикажан на каналот „Нешнел џиографи“ и во кој тој, заедно со уште неколку негови колеги, се обидува да ја реши мистеријата на летот „МХ370“.
Австралискиот координатор на потрагата неодамна изјави дека исчезнатиот авион ќе биде најден во следните неколку месеци. Потрагата е продолжена во јужните делови на Индиски Океан и многу веројатно е дека остатоците во меѓувреме потонале. Се верува дека би можеле да се појават на брегот на Суматра, во Западна Индонезија.

Засега ништо не е пронајдено, иако досега се пребарани 22.000 квадратни километри од дното на океанот или 36 отсто од приоритетното подрачје.

Се претпоставува дека потрагата ќе биде завршена во мај доколку нема одложување поради бродови, опрема или временски услови.

Би можело да ве интересира

Се запали левото крило на Боинг 737 со 73 патници

Британецот мора да плати 20.000 долари на „Јунајтед ерлајнс“ за пренасочување на летoт

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион принудно слета во Белград поради тепачка меѓу патници, мораше да реагира полицијата

Горан Наумовски

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ