Исчезна братот на севернокорејскиот лидер, откако беше виден на концерт во Лондон

Од:

Постариот брат на севернокорејскиот челник Ким Јонг-Ун, 34-годишниот Ким Јонг-Чол, мистериозно исчезна откако беше виден на концертот на Ерик Клептон во Лондон, пишуваат јужнокорејските медиуми според коишто тој требало во саботата 23-ти мај веќе да се врати во Пјонгјанг, преку Москва и Пекинг, но неговото име не е пронајдено на листите на патници.

На ниеден аеродром во Москва или во Пекинг, не е забележан братот на челникот на комунистичка Северна Кореја, Ким Јонг-Ун, пишуваат во саботата медиумите во Сеул. Според новинарите кои воделе вистинска потрага по Ким Јонг-Чол, можно е тој да користел лажен пасош и во последен момент да ја променил рутата по која се враќал во татковината.

Постариот од браќата Ким, за кој во јавноста инаку многу малку е познато, седмицава двапати бил виден во Лондон, на концерти на ветеранот на британската рок музика, славниот гитарист Ерик Клептон. Тоа е првото појавување во јавноста на Јонг-Чол, откако Ком Јонг-Ун ја презема власта во Северна Кореја, по смртта на нивниот татко Ким Јонг-Ил кон крајот на 2011 година. Во четвртокот јапонската телевизија TBS, објави дека на еден концерт бил придружуван од девојка, и бил облечен во спортска маичка, црни панталони и куса кожна јакна.

Во 2006 и 2011 година Ком Јонг-Чол беше виден во Германија и во Сингапур, и во двата случаи на концерти на Клептон. Според некои непотврдени информации, тој исто така го поканил славниот музичар да одржи приватен концерт во севернокорејската престолнина.

За Ким Јонг-Чол, средниот син на починатиот севернокорејски водач Ким Јонг-Ил, своевремено се пишуваше дека таткото имал намера да го именува за свој наследник, но потоа врховната власт му беше доверена на помладиот брат Ким Јонг-Ун. Оттогаш за неговиот живот или функциите што ги зазема практично ништо не се знае. Меѓутоа, официјален Пјонгајнг објави дека нивната сестра Ким Јонг-Еј, има позиција во влијателниот Централен комитет на Работничката партија на Кореја.

Актуелниот челник на Северна Кореја, Ким Јонг-Ун, има уште еден постар полу брат од таткова страна, Ком Јонг-Нам. Тој, како што беше познато досега, живее во посебниот кинески административен регион Макао, и понекогаш дава интервјуа за странските медиуми.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња